Достапни линкови

Се зголемуваат притисоците за решавање на спорот за името


Македонска влада
Македонска влада
Пораките за брзо решавање на спорот за името со Грција и зачленување во НАТО на американскиот државен секретар Хилари Клинтон и на потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити не се случајни, сметаат дел од аналитичарите. Потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити преку весникот Дневник порачува дека ДУИ нема уште долго да стои со скрстени раце за евроатлантските процеси во земјава. Тие сметаат дека преговорите за името не може да траат бесконечно. Алити, сепак, не прецизира до кога очекуваат решение за спорот со Грција и дали ако набрзо не се постигне компромис ДУИ ќе ја напушти Владата. Нема да чекаме бесконечно и нема да прифатиме Албанците да бидат рамноправни во ЕУ, а дискриминирани дома, вели Алити за Дневник.
Аналитичарот Имер Исмаили вели дека улогата на ДУИ во Владата е токму да го забрза наоѓањето компромис за името. Дури сметам дека реакцијата на Алити е задоцнета, вели Исмаили.

"ДУИ на некој начин ја има таа улога во Владата, суптилно да го примора Груевски да направи компромис за името, кој нормално нема да биде наметнат од ДУИ или албанците во Македонија, туку ќе биде продолжена рака на американските укажувања да се најде решение за името, затоа што се гледа дека г-динот Груевски и да ја наречам неговата ,,тајфа" немаат воља за промена на името и компромис со Грција."

Државниот секретар на САД Хилари Клинтон, вчера, пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Конгрес рече дека
ДУИ на некој начин ја има таа улога во Владата, суптилно да го примора Груевски да направи компромис за името
Вашингтон многу силно ги подржува напорите за заеднички прифатливо име и ги повика Македонија и Грција да дојдат до заеднички прифатливо решение. Клинтон рече дека за спорот се разговарало и со партнерите во НАТО и во ЕУ и дека САД ја разбираат чувствителноста на Грција. Дел од аналитичарите предвидуваат дека, во наредниот период, ќе се засилува меѓународниот притисок за решавање на спорот со Грција. Професор Јана Лозановска вели дека спорот за името не може да се реши под притисок. Лозановска не очекува скоро решавање на спорот.

"Хилари Клинтон како државен секретар на Соединетите Држави има право на мислење и став, така што мислам дека тоа не е никаков проблем за нашето прашање за името, тоа е процес кој што трае, неможе вакви прашања да се решаваат под притисок, тоа треба да се свати еднаш за секогаш."

Во Министерството за надворешни работи велат дека секојдневно добиваат пораки од дипломатите дека е потребно брзо решавањер на спорот.
Ние не ги разбираме тие пораки како притисци туку како заложби за наоѓање разумен компромис и заемно прифатливо решение, велат во МНР.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG