Достапни линкови

Во Софија самит за енергетска стабилност


Во организација на бугарската влада, во Софија се одржува меѓународен самит, посветен на енергетската стабилност. Најавено е учество на претставници од 28 држави од Југо-источна Европа, од Црно-морскиот и Каспискиот регион, Европската Унија и Соединетите Држави. Рускиот премиер Владимир Путин го откажа учеството поради несогласувањата со Бугарија околу проектот за Јужниот Крак на гасоводот од Русија, преку Бугарија кон Европа. Алтернативниот гасовод, Набуко, кој е подржан од Европската Унија и Соединетите Држави, ја заобиколува Русија.
XS
SM
MD
LG