Достапни линкови

Се интензивираат студентските протести во Хрватска


Протестите на студентите во Загреб кои бараат бесплатно високо образование се проширија во цела Хрватска. Илјадници студенти во Осиек, Задар, Риека и Сплит, вчера се придружија на протестот на загрепските студенти, кои во вторникот го зазедоа Филозофскиот факултет со барање за бесплатно студирање. Студентите бараат укинување на таксите за студирање, кои се движат од 600 до 1.500 долари. Ректорот на Универзитетот во Загреб Алекса Белиш ги поддржа студентите и ги повика да изберат свои претставници и да почнат преговори со властите.
XS
SM
MD
LG