Достапни линкови

Обама им оддаде почит на Евреите убиени во Холокаустот


Американскиот претседател Барак Обама вчера им оддаде почит на Евреите убиени во Холокаустот и порача дека должност на сите луѓе во светот е да направат се за свирепостите да не се повторат. На церемонијата за Денот на сеќавање на холокаустот, на Капитол Хил, Обама рече дека е посветен на целта- омразата и неправдата да не се толерираат. Германскиот нацистички режим, во Втората светска војна, систематски уби околу 6 милиона Евреи, во гасните комори, со стрелање или со изгладнување до смрт.
XS
SM
MD
LG