Достапни линкови

Берлускони се заложи самитот на Г-8 да се оддржи во Л`Аквила


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони се заложи јулскиот самит на Групата Осум најразвиени индустриски земји, да се оддржи наместо како што е планирано во Сардинија, во градот Л`Аквила кој неодамна беше погоден од силен земјотрес. Берлускони изјави дека оддржувањето на Самитот на Групата 8 во Л`Аквила ќе биде од економска помош за регионот, и ќе се заштедат средства потребни за организирање на состанокот доколку тој се оддржи во Сардинија. За овој предлог, согласност треба да дадат сите земји учеснички.
XS
SM
MD
LG