Достапни линкови

Полицаец загинал при распоредувањето на пакистанските сили во областа Бунер


Еден полицаец бил убиен, во текот на денешното распоредување на пакистанските парамилитарни трупи за заштита на владините згради и мостови, во северо-источната област Бунер, во која талибанците воспоставија контрола. Сеуште не е јасно дали полицаецот е убиен од страна на талибанските милитанти, но судирите во областа Бунер, која се наоѓа на околу 100-тина километри од Исламабад, ги засилува стравувањата околу оддржливоста на мировниот договор поддржан од Владата со талибанците од северните делови на Пакистан.
XS
SM
MD
LG