Достапни линкови

Најмалку 70 загинати во денешните насилства во Ирак


Најмалку 70 лица загинаа во денешните два самоубиствени бомбашки напади во Ирак. Првиот напад во кој загинале 45 лица се случил кога бомбаш самоубиец ја активирал експлозивната направа пред еден ресторан во градот Мугдадија, а вториот самоубиствен напад чија цел била полициска патрола се случи во Багдад, при што загинаа 28 лица. Во меѓувреме ирачките сили соопштија дека го уапсиле еден од најбараните лидери на Ал Каеда во Ирак, Абу Омар ал Багдади.
XS
SM
MD
LG