Достапни линкови

logo-print

Пасошите – препрека меѓу Албанците од Косово и Југот на Србија


Мапа на Косово

Мапа на Косово

Новинарот на албанската телевизија ,,Топ Ченел„ Идро Сефери роден во Пеќ на Косово, поседува српски пасош, а неодамна добил и нов биометриски пасош. Во разговорот, изнесува сознанија дека косовските албанци по некогаш одлучуваат да платат и по 300 евра, за да ги добијат потребните докуметни неопходни за да им се издаде патна исправа:

„Потребни се сите докуметни кои им требаат и на србите, со тоа што е потребно да се има и стар пасош, што главно албанците го немаат. Или доколку прв пат вадиш пасош, тогаш се бараат важечки докуметни од родителите. Сето тоа всушност неможе да се собере, бидејќи е невозможно да се имаат сите документи кои едноставно не постојат на Косово. Тогаш, се бараат ,,врски“. За да ти издадат извод од матична книга на родените, преку врски, плаќаш околу 50 евра.“

раскажува Сефери. Не се знае дали постои официјална истрага за оние кои профитираат на нерешениот проблем околу пасошите. А токму поради овој проблем во меѓувреме, албанците од Југот на Србија минуваат низ бројни проблеми и компликации за да се сретнат со своите роднини од територијата на Косово:

„Секојдневно можете да забележите колони возила кои се паркираат на граничениот премин кон Прешево, односно Бујановац од косовска страна. Тука ги оставаат возилата, бидејќи во Србија не смеат да влезат со косовски таблички, па оние кои сеуште имаат стари документи преминуваат. Оние пак со документи на Република Косово, не смеат да влезат. Тоа се сериозни проблеми. Има семејства кои поради ова и по десетина години неможат да се видат со своите роднини.“

вели претседателот на Општината Прешево Рагми Мустафа. Сложената администрација е проблем со кој многумина се соочуваат доколку се најдат – според мислењето на Приштина на границата, а според ставот на Белград на административниот премин меѓу Србија и Косово.

„Полицаецот ќе ти рече морате да имате српски документ за да ја преминете границата. Ќе прашате како тоа да го направите, а тој ќе рече: Ако сте од Пеќ одете во Крагуевац. Вие ќе му речете, но Крагуевац е од другата страна, и тој едноставно ќе ви одговори, дека неможете да преминете.„

посочува новинарот Сефери. Според мислењето на некои експерти проблемот може да биде решен со издавање на некој вид регионален документ за оние од Косово. Тоа меѓутоа подразбира согласност меѓу Белград и Приштина, но со оглед на тоа дека меѓу двете страни нема комуникација, се чини дека таа можност е апсолутно исклучена.
XS
SM
MD
LG