Достапни линкови

logo-print

Првата дама досега во сенка, ќе промени ли нешто Иванова?


Брачниот пар Иванови

Брачниот пар Иванови

Нада Глигорва, Вилма Трајковска, Јасмина Црвенковски ова беа трите досегашни први дами на Макеоднија. Со изборот на новиот шеф на државата, Македонија ја доби и четвртата по ред прва дама. Сите сопруги на досегашните претседатели максимално се обидуваа да бидат надвор од фокусот на јавноста. На прсти можеше да се наброи колку пати за време на мандат тие го придружуваа својот сопруг. Но дали можеби Маја Иванова, сопругата на 4-тиот по ред претседател од македонската независност ќе го скрши мразот. 45 годиишната сопруга на Иванов и мајка на 18 годишниот син Иван, вели дека семејството и професисионална кариера во агенцијата за цивилно и воздухопловство каде што е и вработена натаму ќе и останат главна преокупација во животот.

„Пред се би сакала да задржам две клучни улоги што ги имам и досега, а тоа се улогата на сопруга и мајка.“

„Улогата на првата дама не е само да биде со семејството иако тоа е важно за секоја жена. Ќе трпи малку професијата бидејќи ова една е нова професија на сопругот и таа ќе мора да прати.“

велат Маја Иванова и Лилјана Зашова автор на книгата „Убаво однесување„. Според неа, улогогата на првата дама се маргинализира а со тоа и нејзината функцијата се става во втор план. Но исто така според анлитичарите, со држењето на страна, првата дама уште од самиот старт демонстира слабост од непознавање на улогата на сопруга на висок државен функционер. Диппломатот од кариера, Даница Ружин која долго време работеше и како шеф на протокол посочува дека улогата на првата дама е високо ценета во светот.
Најголемиот дел од ингеренциите на претседателот се преставувањето на државата на меѓународната сцена, значи тој дел од улогата како прва дама би бил предизвик, значи учеството во подобрувањето на сликата што би ја дал претседателот во светот.“
Иако во 90-тите години Иванова беше дел младинските политички активности засега не навестува дека таа би можела да биде македонската „Хилари Клинтон.

„Ние сакаме да знаеме каква ќе биде улогата на првата дама? Зошто? Знаеме колкаво е влијанието на секоја жена врз нејзиниот сопруг.“

Објаснува Лилјана Зашова. Една од најголемите промени што го очекуваат семејството Иванови е преселбата во новата претседателска резиденција на падините на Водно по инагурација на новиот македнски претседател на 12-ти Мај.

„Ќе одговорам на сите обврски што ќе ми бидат дадени, согласно она што го налага функцијата на претседателот. И се надевам дека со сета одговорност ќе одговорам на тие обврски.“

вели Иванова.
XS
SM
MD
LG