Достапни линкови

Тестирањето за ХИВ вирусот е бесплатно, но ретко кој го применува


Куманово

Куманово

Повеќе од две години во регионалниот Завод за здравствена заштита во Куманово постои Советовалиште за бесплатно, анонимно и брзо тестирање од ХИВ вирусот, како и од повеќето полово преносливи болести, малкумина од граѓаните го посетуваат. Од оние што се тестираат се мал дел од наркозависниците иако нивниот број во Куманово е прилично голем. Во Советовалиштето работат за тоа посебно едуцирани екипи, кои деновиве заедно со невладините органзиации ќе извршуваат тестирања на терен и тоа пак на анонимна локација за јавноста.

„Тестирањето на терен ќе биде со боцкање од прст,а тестовите се брзи и резултатот се добива за само 15 минути.“

Вели Татјана Димковска од Заводот за здравствена заштита. Таа ги повикува граѓаните, особено оние од ризичните групи да си го проверат ХИВ статусот, но и да си ја проверат здравствената состојба.

„Теренското тестирање во Куманово ќе се одвива со теренско возило специјално адаптирано за таа намена, а во акцијата ќе бидат вклучени и од невладините организации. Тоа е и дел од програмата на Министерството за здравство.“

вели Наташа Милановска од Невладината организација „Пулс“.
Целта е да се олесни пристапот до советовалиштето за доброволно тестирање од ХИВ-сидата, како и од полово преносливи болести и инфекции.
Од до сега тестираните во Советовалиштето на Заводот за здравствена заштита не се откриени ХИВ позитивни лица, но и натаму останува проблемот со отпорот на луѓето кон ваквите анализи. Стручњаците велат дека причините се различни, одлуките се индивидуални иако болестите се сериозна закана и за инфицираните и за нивната околина.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG