Достапни линкови

logo-print

БИХ ја прифаќаме како нужност


Милорад Додик

Милорад Додик


Република Српска нема причина да бара уставни промени во Босна и Херцеговина, а тоа може да се случи само под услов сите страни да постигнат компромис, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа, премиерот на Република Српска, Милорад Додик. Според него, ако Босна и Херцеговина има некакви шанси за опстанок, тие се базираат единствено врз евентуален меѓусебен договор, без мешање на меѓународната заедница, па макар тоа да се и Соединетите Држави и Европската Унија.


Премиерот на Република Српска, Милорад Додик потврдува дека според него, србите од таа република живеат во Босна и Херцеговина, но за своја татковина ја сметаат Србија. На прашањето зошто е тоа така и зошто србите не ја сметаат Босна за своја татковина, Додик вели:

“Па, не можат поради политиката на меѓународната заедница и на бошњачката заедница кој претендира на централизација, на афирмација на вредностите на исламската верска заедница, која е значаен политички фактор и ја креира бошњачката политика. Од друга страна, денес има се помалку срби во Сараево. Босна и Херцеговина ја прифаќаме како нужност бидејки тоа е дел од договорот, но со тој договор не се предвидува и некого да сакате или што да чувствувате”.

Додик додава дека Република Српска постојано ќе биде свртена кон Србија, но оти го почитува Дејстонскиот Договор, иако постојано се присутни обидите да и се намалат надлежностите и значењето.
Бошњачкиот народ е добар народ, но тука не станува збор за луѓе, туку за политика, а бошњачката политика е нешто друго од народот


“Ние не сакаме никакви тешкотии за Бошњаците или Хрватите. Во Република Српска, во последниве години, нема никаков случај на етничко насилство. Бошњачкиот народ е добар народ, но тука не станува збор за луѓе, туку за политика, а бошњачката политика е нешто друго од народот”.

Во врска со можните паралели меѓу независноста на Косово и евентуалниот референдум за независност на Република Српска, Додик објаснува:

“Ние проценивме дека не смееме да влеземе во ниедна авантура. Нам, базичен принцип ни беше да ги сочуваме мирот и стабилноста во Република Српска и да продолжиме да се бориме со сите легитимни средства. Дали еден ден ќе бидат создадени услови за одлуки за независност, ќе видиме”.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG