Достапни линкови

Превирања во Ерменија околу можното обновување на односите со Турција


Влијателната ерменска националистичка партија ,,Револуционерна Федерација за Ерменија“, соопшти дека можеби ќе ја напушти владината коалиција бидејќи не се согласува со активностите за подобрување на односите меѓу Турција и Ерменија. Партијата соопшти дека се противи на секаков договор за нормализирање на односите, се додека Анкара не го признае масакрот врз ерменците од времето на Отоманската Империја како ,,геноцид“. Вчера, Турција и Ерменија постигнаа ,,рамка“ за нормализирање на односите.
XS
SM
MD
LG