Достапни линкови

logo-print

Сергеј Лавров во посета на Северна Кореја


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој денеска е во посета на Сeверна Кореја изјави дека не гледа сигнали дека би бил постигнат напредок во разговорите за ,,спорната“ нуклеарна програма на Пјонгјанг. По состанокот со северно-корејскиот министер за надворешни работи, Лавров посочи дека учесниците во шест-партитните разговори не треба да ,,бидат подложни на емоции“. Пјонгјанг ги напушти преговорите откако Советот за безбедност на ОН упати критики поради северно-корејското лансирање на ракета, на почетокот од месецов.
XS
SM
MD
LG