Достапни линкови

Учеството на вежбата во Грузија нема да влијае на односите со Русија


Специјалците на АРМ
Специјалците на АРМ

Според експертите, со учеството на воената вежба во Грузија Македонија само ги потврдува обврските преземени од Партнерството со НАТО. Тие сметаат дека тоа нема да ги наруши односите со Русија

Учеството на македонски војници и офицери на воените вежби на НАТО во Грузија нема да ги наруши односите на Македонија со Русија, коментираат дел од експертите. Професор Назми Малиќи вели дека Македонија само ги спроведува обврските кои ги презела од партнерството со НАТО.

„Тука нема дилема дека Македонија треба да учествува и добро е што дала согласност. Од друга страна, тоа не треба да ги поремети односите со Русија, затоа што се работи за една мировна вежба.“

Поради односите со Русија, Србија размислува дали учеството на српски офицери на воените вежби во Грузија е соодветен политички
Тука нема дилема дека Македонија треба да учествува и добро е што дала согласност. Од друга страна, тоа не треба да ги поремети односите со Русија, затоа што се работи за една мировна вежба
чекор.
Поради планираните вежби во Грузија, Русија го информира НАТО дека нема да учествува на средбата на високи претставници на алијансата наредниот месец. Русија и Грузија, лани, краткотрајно војуваа за грузиските сепаратистички области Абхазија и Северна Осетија.
Професор Стојан Кузев од Институтот за мировни и одбранбени студии вели дека ситуацијата во Македонија и во Србија е различна и не може да се споредува. Тој посочува дека Србија има поинакви политички односи со Русија, а и јавното мислење не е многу наклонето кон Алијансата по бомбардирањето од 1999 година. Македонија со учеството на вежбите покажува континуитет во заложбите за зачленување во НАТО и тоа е сосема оправдано, вели Кузев.

„Со тоа прво ќе покаже континуитет во своето учество во мисиите на Алијансата и второ, сето тоа ќе води кон засилување на мерките кои ги презема за остварување на крајната цел.“

Македонската армија, наредниот месец, ќе учествува на две вежби во Грузија, на кои ќе учествуваат четири штабни офицери и еден вод, со триесетина војници, од втората механизирана пешадиска бригада на АРМ информира портпаролот на АРМ Мирче Ѓоргоски. АРМ
Прво ќе покаже континуитет во своето учество во мисиите на Алијансата и второ, сето тоа ќе води кон засилување на мерките кои ги презема за остварување на крајната цел
целосно учествуваше во едногодишното планирање на овие вежби на НАТО, вели Ѓоргоски.

„За нас како Армија е исклучително важно секоја покана за учество на вежба на НАТО, затоа што тоа е доказ дека сме ја постигнале интероперабилноста и стандардите на НАТО. Секоја војска треба да се вежба, тоа е нејзното мото.“

На прошталната средба со претседателот во заминување Бранко Црвенковски, рускиот амбасадор во земјава Владимир Солоцински ја повтори идејата на рускиот претседател Медведев за договор за европска безбедност кој, според него, добива се поголема поддршка во Европа.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG