Достапни линкови

Македонски поделби


Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски
Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски
Антички македонци, македоноиди, славјани, патриоти, верници или пак луѓе без идентитет, богохулници, луѓе ориентирани кон или против ЕУ и НАТО. Постојаната поделбата на народот и развивањето на национализмот не водат кон добро, се соглацуваат експертите. Кризата во општеството и кризата на идентитетот, ја подгреваат потребата на луѓето да припаднат на една група, објаснува социологот Хасен Јашари. Тој вели дека ваквата сосотојба може да ги збуни луѓето, бидејќи не знаат на која страна да се стремат. Јашари објаснува дека политичките елити се тие кои треба да ја поправат состојбата во општеството. Но тоа не е случај во Македонија.
Проблемот е се што е црно-бело, а всушност кога ќе се види сиво е. И едните и другите мора на некој начин да најдат решение.

"Политичките елити се наоѓаат возбудени и на некој начин не нудат алтернативи за граѓаните, туку ги ставаат во стапица. Мислам дека сето тоа резултира со една анемија и дезорганизација на општеството."

Вели Јашари
Политикологот Владимир Божиновски вели дека луѓето не се делат, само имаат различни ставови.

"Проблемот е се што е црно-бело, а всушност кога ќе се види сиво е. И едните и другите мора на некој начин да најдат решение."

Вели политикологот Владимир Божиновски.
За професорот Мерсел Биљали поделбата во општествата на национлна, верска, историска или на било како основа е одлика на тоталитарните режими. Биљали вели дека во последно време сме сведоци на се почеста поделба на народот , за лични цели на политичарите.

"Тоа не само што не одалечува од ЕУ туку голема штета прави за општиот развој, и социјален, демократски и културен развој на целата држава."

Објаснува професор Мерсел Биљали.
За да продолжи да се развива по зацртаниот пат, Македонија мора да најде модел што ќе го запре продлабочувањето на поделбата на било каква основа, тврдат ексертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG