Достапни линкови

ОН загриженост за цивилите во Шри Ланка


Советот за Безбедност изрази загриженост за судбината на илјадници цивили блокирани во регионот на северо-источна Шри Ланка каде што е во тек офанзивата на владините сили против тамилските тигри. Советот ги повика бунтовниците да го положат оружјето, а војската да го почитува меѓународниот закон и да ги заштити цивилите. Резолуцијата е необврзувачка. Русија и Кина инсистираа дека станува збор за внатрешен конфликт, кој не е закана за меѓународната безбедност. Шри Ланка соопшти дека 100 илјади се наоѓаат во зоната на конфликтот се уште контролирана од тамилските тигри кои се борат за независност од 1983 година.
XS
SM
MD
LG