Достапни линкови

Одложен штрајкот на контролорите на летање


Штрајкот на контролoрите на летање, најавен за денеска, сепак нема да се одржи и авиосообраќајот ќе се одвива во согласност со претходно утврдениот ред на летање, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство. Министерството за финансии донесе решение со кое ја уважи жалбата на Агенцијата, против решението на Управата за јавни приходи, за наплата на повраток на ДДВ и предметот го врати на повторна постапка. Со ваквото решение на Министерството, се исполнува и основниот услов на вработените во Контролата на летање.
XS
SM
MD
LG