Достапни линкови

logo-print

Интеракција со граѓанскиот сектор во законодавниот процес


Евро амбасадорот Ерван Фуере

Евро амбасадорот Ерван Фуере

Евро амбасадорот Ерван Фуере побара поголема интеракција на владата со граѓанскиот сектор и нагласи дека е потребна волја за прифаќање на критиките.


Борба за граѓанското достоинство, борба против квази демократите кои носат одлуки зад затворени врати, против народните пратници кои храмот на демократијата го претворија во срам на демократијата. Ова се некои од определбите на граѓанската Граѓанската
Мој предлог за да се зголеми улогата на граѓанското општетсво е да се поттикнат повеќе јавни расправи со парламентот, да се зголеми инеракцијата и учеството на граѓанското општество во законодавниот процес
иницијатива „Граѓани за Европска Македонија“ запишани во нејзиниот манифест потпишан на 1 февруари годинава. Нiвните активности паузираа поради изборите, во меѓувреме некој се обиде да ги спречи напаѓајќи учесници на нивната трибина во Струга, сега продолжуваат со истите цели и програма. Евроамбасадорот Ерван Фуере гостуваше на нивната трибина со очекување дека ваквите иницијативи во Mакедонија ќе се интензивираат за да ја охрабрат како што рече Владатa и државните институции во неопходниот напредок во реформите кој треба да биде направен за да се постигнат целите во насока на приближувањето кон Европската унија.

„Има многу множности кои се отворени за граѓанското општетсво и ние ќе продолжиме да ги развиваме во наредните месеци и години. Мој предлог за да се зголеми улогата на граѓанското општетсво е да се поттикнат повеќе јавни расправи со парламентот, да се зголеми инеракцијата и учеството на граѓанското општество во законодавниот процес. Законодавниот процес треба да се заснова на поголема интеракција со граѓанскиот сектор. Видовме неодамна што се случи неодамна со одлуките на Уставниот суд“.

изјави евроамбасадорт Фуере. Улогата на граѓанскиот сектор е особено важна на локално ниво, изјави Фуере, изразувајќи очекување дека оваа работа во голема мера ќе ја завршат некои од инсититуциите како што се комисиите за меѓуетнички односи особено по неодамнешните локални избори.
Ќе биде потребен дијалог на сите сектори во општеството, ќе биде потребна волја за прифаќање на критиките, а исто така и време за да се слушнат спротивните мислења и ставови


И покрај иницијативите налик на оваа, улогата на граѓанското општетсво во Македонија е далеку од соврешно, констатира Фуере најавувајќи поддршка од страна на ЕУ за зајакнувањето на овој сектор. Предизвиците со кои се соочува земјата во оваа насока се создадени уште повеќе по недоамнешните избори на кои Владата се стекна со уште поголемо и зајакнато мнозинство.

„Ќе биде потребно подавање на раката на тој политички спректрум и вклучување на сите етнички заедници без разлика дали мали или големи. Ќе биде потребен дијалог на сите сектори во општеството, ќе биде потребна волја за прифаќање на критиките, а исто така и време за да се слушнат спротивните мислења и ставови. И преку еден ваков пристап владата ќе биде збогатена со независно размислување што ќе го олесни градењето консензус меѓу политичките партии и чинители во општеството,“

рече Фуере при што потсети дека реформите не се важни само за ЕУ туку и за да може земјава да постигне политичка стабилност, да има функционална демократија во којашто сите делови од општеството ќе бидат претставени а независноста на медиумите ќе биде почитувана.
XS
SM
MD
LG