Достапни линкови

Милошоски ќе го информира Рен за реформите и ќе го покани во Македонија


Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска е во посета на Брисел, каде по негова иницијатива, треба да се сретне со Еврокомесарот за проширување Оли Рен. На разговорите се очекува да стане збор за препораките за добивање датум за преговори за македонското членство во ЕУ и за визната либерализација. Пред средбата Милошоски изјави дека ќе го информира Рен за реализираните реформи и најави дека ќе упати покана до еврокомесарот да ја посети Македонија. Милошоски во Брисел остварува средба и со генералниот директор во Советот на ЕУ, Роберт Купер.
XS
SM
MD
LG