Достапни линкови

Кризата стигна и во Македонија


Прес конференција на Владата

Прес конференција на Владата

Владините мерки за справување со кризата се добри и покрај тоа што се задоцнети, реагира опозицијата и дел од експертската јавност. Задоцнетото донесување на мерките, сепак, ќе ја намали нивната корисност, велат тие.
Овие шест месеци скапо ќе не чинат. Значи, не е исто дали почнуваме анти кризна стратегија тогаш кога почнаа сите, или со задоцнување од половина година


Пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека 90 отсто од мерките што вчера ги соопшти Владата, Социјалдемократите ги предложија уште кога се носеше буџетот за 2009 година.

„Овие шест месеци скапо ќе не чинат. Значи, не е исто дали почнуваме анти кризна стратегија тогаш кога почнаа сите, или со задоцнување од половина година. Затоа сметам дека ефектите ќе бидат ограничени, бидејќи голем дел од претпријатијата, веќе ја плаќаат цената на кризата којашто владата одлучи да не ја гледа повеќе од шест месеци.“

Пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП се согласува со Шеќеринска и вели дека Македонија е последна земја во регионот, која презема вакви чекори за справување со кризата.

„Владата изјавуваше дека Македонија ќе биде единствена земја што нема да биде зафатена со кризата, за да подоцна отиде понатаму и изјави дека Македонија ќе биде во предност, затоа што ќе има странски инвестиција, затоа што како единствена земја непогодена од кризата ќе биде привлечна за инвестиции. Сето тоа не само што не се случи, туку и Македонија беше зафатена од кризата.“

Професор Абдулменаф Беџети вели дека експертската јавност веќе половина година укажува на потребата од нови мерки. Задоцнетото
Владата изјавуваше дека Македонија ќе биде единствена земја што нема да биде зафатена со кризата
донесување на мерките го намалува нивниот ефект, вели Беџети.

„За поздравување е реакцијата на владата, и покрај тоа што се доцни во процесот, веројатно поради изборите и мислам дека ќе има одредена последица во однос не преносот на ефектите во економијата во целина.“

Од друга страна, потпретседателот на владејачката ДУИ Рафиз Алити вели дека владата ги следи укажувањата на експертите, но сепак одговорноста останува на Владата.

„Мислам дека мерките се на време, така што што се однесува до експертите, добро е да се слуша нивниот глас, но одговорноста ја сноси владата и мислам дека на време се преземени мерките.“

Владата вчера најави намалување на буџетот за 9 отсто и намалување на проекциите за економски раст од 5,5 отсто на 1 отсто. Најавеното зголемување на платите на државната администрација ќе се одложи за наредната година и ќе забави или ќе се одложи реализацијата на дел од владините проекти.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG