Достапни линкови

Реален или темпиран оптимизам?


Ред за работа во Њујорк

Ред за работа во Њујорк

Шефот на американската централна банка Бен Бернанке беше првиот кој ги забележа зелените никулци во економијата. Дали навистина има реални знаци за економско заздравување?

Дали по долгата зима, пролетта е на прагот? Зелените никулци беа забележани на некои пазари во минатиот месец од шефот на Федералните резерви Бен Бернанке. По него претседателот Барак Обама изјави:

,,Она што ќе почнете да гледате се искри на надеж во економијата.,,

Па каде се тие? Извесен број нови домови во Соединетите држави беа изградени. Некои сигнали покажуваат дека довербата на потрошувачите повторно се враќа. Забележана е и умереност во падот на економската активност. И тоа не само во Соединетите држави. Во Кина, премиерот Вен Џиабао изјави дека економијата во неговата земја се движи подобро од очекуваното. На исти оценки дојдоа и многу експерти во Русија, Британија, Германија. Накусо, расте оптимизмот по мерките што беа преземени во целиот свет. Меѓу нив агресивното кратење на каматните стапки и огромните владини програми за помош, во вредност од околу пет илјади милијарди долари. Па дали глобалната економија ја избегна опасната зона?

,,Вистина е дека нема да гледаме толкав пад како што тоа беше во последниот квартал од минатата и во првиот квартал од оваа година. Затоа можам да кажам дека најлошото можеби помина.,,
Нема веќе да добиваме целосно лоши вести. Сега ќе добиваме добри вести помешани со лоши. Тоа што економскиот пад е забавен значи само дека се уште не сме го достигнале дното...

Вели Даун Холанд, од Британскиот инстиут за економски и социјални истражувања, појаснувајќи дека се уште нема доволно докази оти ќе биде постигнат позитивен пораст во поголемите економии.

,,Се уште очекуваме зголемување на невработеноста во повеќе земји до крајот на годинава, а можеби и до средината на идната година. Значи се повеќе луѓе ќе остануваат без работа.,,

На исто мислење е и професор Петар Морици кој предава економија на Универзитетот во Мериленд.

,,Нема веќе да добиваме целосно лоши вести. Сега ќе добиваме добри вести помешани со лоши. Тоа што падот е забавен значи само дека се уште не сме го достигнале дното.,,

Експертите исто така додаваат дека розеви вести не треба да се очекуваат во врска со банките, бидејќи токму кај нив, оносно во проблемите со кредитите и со хипотеките е суштината на кризата.

Протести за време на самитот Г20 во Лондон
,,Го имаме хипотекарскиот проблем. Сега ќе имаме проблеми со кредитните картички и во малопродажбата. Затоа мислам дека банките го преувеличуваат нивното здравје.,,

Вели Морици, кој додава дека станува збор за темпиран официјален оптимизам. Впрочем, Обамините искри на надеж дојдоа и со предупредувањето дека економијата се уште е под силен удар.

,,Не излеговме од шумата. Се уште е тешко време за економијата.,,

Изјави Обама на регионалниот самит во Тринидат во текот на минатиот викенд.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG