Достапни линкови

logo-print

Македонија дел од цивилна мисија во Авганистан?


Авганистан

Авганистан

Освен со воена, Македонија во Авганистан може да биде присутна и со цивилна мисија. Плановите за ваква мисија се дел од Декларацијата која ја потпишаа учесниците на Самитот за Авганистан, кој се одржуваше на почетокот на месецов. Во рамки на таа мисија, експертите кои би ги испратила Македонија, би помогнале за градење на институциите и демократијата во Авганистан, изјави при посетата на Кабул, министерката Гордана Јанкуловска. Експертите ќе помагаат во обучување на тамошната полиција, ќе држат обуки за спроведување на изборите закажани за септември, ќе работат на обновување на повоен Авганистан. Министерката Јанкуловска и министерот за одбрана Зоран Коњановски, денеска се враќаат во земјава по дводневна посета на војниците во Авганистан. За министрите учеството на македонските мировници е еден крупен влог на патот за НАТО и Европската Унија. За дел од експертите присуството на македонски војници во Авганистан има големо значење, за другите пак тоа е чиста фарса.
За Исмет Рамадани, потпретседателот на Евроатланскиот совет во Македонија, мисијата во Авганистан може да и помогне на
Во рамки на таа мисија, експертите кои би ги испратила Македонија, би помогнале за градење на институциите и демократијата во Авганистан
Македонија за побрзо зачленување во НАТО.

"Значи нашшиот придонес ќе биде голем и во однос на тоа што значи дека како држава учествуваме заедно со напредниот свет, со тие што денеска преставуваат и воена и политичка сила.,,

Вели Рамадани и додава дека македонските војници во Авганисан не се само во воена мисија.

"И хуманитарни цели и во однос на тоа што значи образование, подигнување на свеста за сваќање на животот.,,

За пензионираниот полковник Благоја Марковски, мисијата во Авганистан нема да и помогне на Македонија за побрз влез во НАТО

,,Без име и презиме нема влегување во НАТО.,,

Македонија со 167 војници е само мал дел од 70 илјадната ИСАФ мисија во Авганистан. Засега од Македонија не е побарано да испрати дополнителен број на војници, но вчера Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ги усвои предлозите со кои се предвидува зголемување на бројот на припадници на армијата за учество во мировни мисии во Авганистан и во Босна.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG