Достапни линкови

НАТО маневрите во Грузија не се закана за Русија


Официјален Вашингтон оцени дека планираните воени вежби на НАТО во Грузија не претставуваат закана за Русија. Портпаролот на Стејт департментот Роберт Вуд изјави дека вежбите се дел од нормалните односи на Алијансата со Грузија и оти тие имаат за цел таа земја да ги достигне стандардите на НАТО. Претходно, Русија соопшти дека го одлага состанокот со НАТО, закажан за седми идниот месец. Во текот на мај на планираните маневри во Грузија треба да учествуваат над илјада и триста војници од деветнаесет членки на НАТО.
XS
SM
MD
LG