Достапни линкови

Убиени тројца руски војници во Чеченија


Руските новински агенции јавуваат дека тројца руски војници биле убиени кога непознати напаѓачи отвориле оган врз нивното возило во Чеченија. Се прецизира дека офицерот и двајцата војници им подлегнале на повредите во нападот до кој дошло вчера во областа Ачкој Мартан југозападно од главниот град Грозни. Во минатата недела Русија прогласи крај на десет годишната антитерористичка операција во Чеченија.
XS
SM
MD
LG