Достапни линкови

Откажан состанокот на воените команданти на НАТО и Русија


Москва го откажа состанокот на воените команданти на НАТО и на Русија, закажан за следниот месец, соопштија руски дипломати и портпаролката на НАТО. Но беше речено дека Москва и натаму планира да остане во добри политички односи со Алијансата. Рускиот пратеник во НАТО Дмитри Рогозин деновиве предупреди дека Москва ќе го откаже состанокот, ако Алијансата и натаму остане на ставот да спроведе голема воена вежба на територијата на Грузија.
XS
SM
MD
LG