Достапни линкови

ММФ- загубите во светот од кризата 4 билиони долари


Меѓународниот монетарен фонд проценува дека загубите во светот поради економската криза ќе изнесуваат 4 билиони долари. ММФ соопшти дека оваа вкупна бројка, ги вклучува загубите од 2,7 илјади билиони долари поради падот на вредноста на имотот во Соединетите Држави, загубите во Европа од 1,2 билиони долари и загубите во јапонската економија од 149 милијарди долари. Проценката го опфаќа периодот од почетокот на финансиската криза кон средината на 2007-та година до 2010-та година, и е објавена во најновиот извештај на ММФ за финансиската стабилност во светот.
XS
SM
MD
LG