Достапни линкови

На Конференцијата на ОН за расизмот усвоeна завршна декларација


Учесниците на Конференцијата на ОН за расизмот, усвоија завршна деклацијата против расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата. Текстот во усвоената декларација е речиси ист со текстот што го усогласија 189 држави, минатата недела. За разлика од претходниот текст, во скратената верзија се отстранети некои контроверзни делови. Во него не се споменува Израел, и не соддржи ограничувања за слободното критикување на религиите. Инаку Конференцијата на ОН за расизмот беше оддбележана со бојкот од страна на некои држави, како и спорниот говор на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад по кој западните делегати ја напуштија конференцијата.
XS
SM
MD
LG