Достапни линкови

Аграрот ,,резервиран" за мажите


Земјоделци
Земјоделци
Во битолскиот реагион како земјоделци се регистрирани само пет жени, покажа анализата за родовата застапеност направена во земјоделскиот сектор во Македонија. Наспроти нив, се јавуваат стотици мажи како регистрирани земјоделци и фармери. Во најголемиот број случаи тие се сопственици на земјиштето и добитокот. Освен ова, посилниот пол доминира и во донесувањето одлуки при креирањето на аграрната политика. Со цел надминување на слабостите, земјоделките од руралните средини ги едуцираат жени од Шведска со долгогодишно фармерско искуство.

„Тие се физички вклучени во земјоделската работа и работата на фармите, секако, но би сакале повеќе да ги видеме инволвирани во аграрната политика, каде мора да се признае дека не се доволно вклучени“.

истакна Карола Динарсон, потпретседател на Регионален одбор на Шведската федерација на фармери.Според анализата ваквата состојба е последица на патријархалниот начин на воспитување во државата.

„Ние ги немаме истите проблеми како вашите зашто јас како жена во Шведска ги имам истите права да бидам фармер како мажите, да кажам што мислам и да одлучувам. Кај нас голем е бројот на жени кои одржуваат фарми“.

додава Динарсон.

„Јас на пример сум фармер кој работи цели 20 години и целата на моето доаѓање тука е да ги потикнам жените да застанат рамо до рамо со мажите земјоделци, да се изборат за своите права, за што е многу важно да се задружат.“

рече Динарсон.
Анализата покажа дека жените земјоделки во Македонија се слабо вклучени во земјоделски здруженија. Во државата опстојуваат неколку здруженија на земјоделци и фармери кои иако се со мешан состав, доминираат мажите. Тие ги пополнуваат скоро сите места и во управните одбори. Досега жена не го водела Министерството за земјоделство. А понежниот пол го нема ни на протестите, на пример на млекопроизводителите во Битолско.
Анализата за родовата застапеност во овој стопански сектор ја изработија Федерацијата на фармери, Центарот за истражување и креирање политики и Министерството за земјоделство од Македонија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG