Достапни линкови

Казахстан нема да учествува во воената вежба на НАТО во Грузија


Казахстан нема да учествува во воената вежба организирана од НАТО што од мај до јуни ќе се оддржи во Грузија, а на која силно се спротивставува Русија. Казахстанскиот министер за одбрана Данаил Ахметов изјави дека одлуката е ,,конечна “. Москва вчера се закани дека ќе го откаже состанокот на ниво на воени команданти меѓу НАТО и Русија, доколку Алијансата продолжи со плановите за воена вежба во Грузија. НАТО пак соопшти дека не ја разбира вознемиреноста на Русија за оддржување на планираната вежба во која ќе учествуваат 1 300 војници од 19 земји.
XS
SM
MD
LG