Достапни линкови

Ердоган – Би било погрешно доколку се прекинат разговорите со кипарските Грци


Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган испрати предупредување до опозиционата партија која победи на неодамнешните избори во турскиот дел на Кипар, да не ги прекинува преговорите со лидерите на Кипарските Грци. Би било погрешно доколку новата влада ги прекине преговорите, или доколку ги води на различна основа, изјави Ердоган. Коментарот на Ердоган доаѓа откако лидерот на Партијата на национално единство Дервиш Ероглу, кој победи на изборите, изјави дека решението за Кипар треба да се темели на ,,две држави“ - предлог на кој се спротивставуваат Кипарските Грци.
XS
SM
MD
LG