Достапни линкови

Владата во потрага по пари за „крпење“ на буџетската дупка


Денеска се одржува аукција на државни записи, а министрите во владата престојуваа и во Лондон каде преговараа за комерцијални кредити со банките. Според економистите, резултатот ќе биде топењето на девизните резерви и помалку пари за приватниот сектор

Потрага по комерцијални кредити и аукција на државни записи се двата пристапи за полнење на буџетот кои посебно се актуелизираа во изминатиов период. Минатата недела министерот за финансииТрајко Славески и вицепремиерот Зоран Ставревски тргнаа во потрага по комерцијални кредити од странски банки а денеска се организира ново надавање за државни записи. Марјан Николов од центарот за економски анализи вели дека Владата треба добро да се пресмета пред да се задолжи

„Тоа треба се да биде во согласност со обезбедување фискален простор во буџетот на Република Македонија, со добро пресметување на кост – бенефит рамка што би се добило, а што би се изгубило.“

Професорот Марко Трипуновски вели дека задолжувањето со комерцијални кредити не е најповолно, но е ефективно за санирање на буџетскиот дефицит:

„Тие кредити се поскапи, немаат грејс период, имаат поголема камата, така што тоа е задолжување на секој граѓанин во државата со нови
Независно дали ќе го наречеме конкурирање или не, на крајот се завршува со топење на девизните резерви. Исто така, втор негативен ефект е истиснување на приватниот сектор и достапноста на финансиски средства до финансискиот сектор, бидејќи владата и НБМ ја исцрпуваат ликвидноста и остануваат помалку средства за приватниот сектор, за да може тие да финансираат нивни проекти
кредити.“

Од Министерството за финансии потврдуваат дека се подготвува ново надавање за државни записи, но за сега нема конкретни информации за исходот од потрагата по комерцијални кредити.Од друга страна, државните записи посебно се актуелизираа по последните надавања, по реакцијата на НБРМ која ги покачи каматите на благајничките записи, што во крајна линија доведе до поскапување на кредитите за граѓаните. Николов смета дека односите меѓу Владата и НБРМ предизвикуваат негативни ефекти за приватниот сектор и стабилноста на девизниот курс.

„Независно дали ќе го наречеме конкурирање или не, на крајот се завршува со топење на девизните резерви. Исто така, втор негативен ефект е истиснување на приватниот сектор и достапноста на финансиски средства до финансискиот сектор, бидејќи владата и НБМ ја исцрпуваат ликвидноста и остануваат помалку средства за приватниот сектор, за да може тие да финансираат нивни проекти.“

Професорот Трипуновски додава дека постапките на Владата со државните записи редовно поттикнуваат реакција од централната банка, што влијае врз граѓаните:

„Токму тој дел, со тие записи ги поскапуваат кредитите за граѓаните и се намалува можноста тие да имаат пристап до кредитите.“

Инаку денеска се одвива аукција на државни записи со која надлежните планираат да соберат 42 милиони евра. Номиналната вредност на една државна хартија од вредност е 10.000,00 денари, а каматната стапка се одредува пазарно, во зависност од понудата и побарувачката.
XS
SM
MD
LG