Достапни линкови

Црвенковски на средба со странските дипломати


Претседателот Бранко Црвенковски и евро амбасадорот Ерван Фуере

Претседателот Бранко Црвенковски и евро амбасадорот Ерван Фуере

Претседателот Бранко Црвенковски денеска се збогува со дипломатскиот кор. Според аналитичарите, меѓународната заедница и во иднина ќе игра клучна улога во решавањето на преостанатите проблеми.

Пред заминувањето од претседателската функција , Црвенковски денеска ќе одржи завршна средба со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Иднината на република македонија низ примзта на пријателите е темата на завршната средба на која Црвенковски како и амбасадорите на петте земји членки на Советот за безбедност и евроамбасадорот Ерван Фуере ќе имаат обраќање. Црвенковски во своето повеќе куртоазно обраќање како што се дознава ќе ја нагласи улогата на меѓународната заедница за Македонија од 2001 година до денес а
Без реално обновување на процесот на преговори од страна на клучните земји и без нивна поддршка ние не можеме да одиме напред. Значи, тие не само што треба, туку ќе мора да се ангажираат повторно. Новиот претседател ќе мора да најде начин да ги активира нашите пријатели и стратешки партнери
притоа ќе нагласи и дека нејзината помош е сеуште неопходна за решавањето на преостанатите проблеми како во Македонија така и во целиот регион. Макеодонските аналитичари неретко ја нагласуваат улогата која во исниот период ќе мора да ја одиграат влијателните и стратешки партнери на Македонија во надминувањето особено на спорот за името како и европатлантското интегрирање на земјава.

„Без реално обновување на процесот на преговори од страна на клучните земји и без нивна поддршка ние не можеме да одиме напред. Значи, тие не само што треба, туку ќе мора да се ангажираат повторно. Новиот претседател ќе мора да најде начин да ги активира нашите пријатели и стратешки партнери,“

вели политичкиот аналитичар Емил Атанасовски. Оттука според Анастасовски прашањето за името нема да може да се придвижи напред без вклученоста на членките на Советот за безбесност кои се опсобено важни за нашиот приме во НАТО а особено Франција и Велика Британија во рамките на приближувањето кон ЕУ.Оттаму, пријателството со стратешките партнери треба да се одржува и да се вложува во него вели аналитичарот Албер Муслиу наведувајќи го обострано изграденото партнерство со САД на полето на тероризмот и поддршката за Македонија која произлегува оттаму.

„Пријателството со нив треба и да се негува. Не треба само да се бара од нив, треба контактите да се одржуваат. Тука нашата дипломатија треба да биде поактивна, да се прашува какво е нивното мислење не само за Македонија, туку и за глобални проблеми, затоа што пријателите така и се стекнуваат.“

вели Муслиу оценувајќи ја денешнава средба на која ќе се обратат амбасадорите на петте земји членки на Совето за безбедност како многу важна во контекст идните меѓународни активности на земјава.
XS
SM
MD
LG