Достапни линкови

Приведени посматрачи на ОБСЕ во Јужна Осетија


Властите во грузискиот регион Јужна Осетија соопштија дека неколкумина посматрачи на ОБСЕ биле приведени поради нелегално минување на границата со Грузија. Не е прецизирано колкумина посматрачи биле приведени, но подоцна биле ослободени. ОБСЕ од 1990 та година има посматрачи во Грузија, но, по августовската руско – грузијска војна, властите во Јужна Осетија не им дозволуваат пристап на нивна територија.
XS
SM
MD
LG