Достапни линкови

Мун: Ахмадинеџад ја злоупотреби конференцијата против расизмот


Ахмадинеџад во Женева

Ахмадинеџад во Женева

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази разочарување, бидејќи иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја искористил конференцијата против расизмот за да го нападне Израел.

Генералниот секретар Бан Ки Мун изјави дека од иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад пред неговиот настап на конференцијата во Женева, побарал да ги одбегне поделбите, но оти тој ја искористил говорницата да обвини, подели и дури да поттикне директно противење со целите на состанокот. Во својот вчерашен говор Ахмадинеџад испрати груба критика за Израел, нарекувајќи го расистички режим од кого страдаат палестинците.

,,По Втората светска војна, под оправдување дека биле жртвувани за време на Холокаустот евреите направија држава на бездомници со луѓе од Европа, Соединетите држави и други земји и создадоа расистичка влада во окупираните палестински територии.,,

Изјави Ахмадинеџад кој во почетокот на говорот беше попречен од еден демонстрант што обезбедубвањето мораше да го изнесе од салата. Иако за време на неговиот говор четириесетина западни делегати го напуштија собирот во Женева, сепак некои негови коменари предизвикаа аплауз:

,,Дали инвазијата врз Авганистан ги врати мирот и просперитетот во таа земја?,,
Во својот вчерашен говор Ахмадинеџад испрати груба критика за Израел, нарекувајќи го расистички режим од кого страдаат палестинците.

Конференцијата токму во знак на протест поради учеството на Ахмадинеџад уште претходно ја бојкотираа Соединетите држави, Изреал, Австралија, Холандија, Италија и Германија. Официјален Вашингтон оцени дека забелешките на иранскиот лидер се неприфатливи и оти поттикнуваат расна омраза, додека израелскиот претседател Шимон Перес ги оцени за нечесни. Премиерот Бенјамин Нетанјаху остро го критикуваше самото присуство на Ахмадинеџад во Женева:

,,Шест милиони наши луѓе беа убиени во Холокаустот. Но некои за жал не ја научија лекцијата. На состонокот против расизмот почесен гостин е човекот кој го оспорува Холокаустот и кој јавно вели дека Израел треба да се избрише од земјината површина.,,

Изјави Нетанјаху кој ги поздрави земјите кои решија да го бојкотираат. Но, токму таквиот нивен потег беше разочарувачки за генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.
ЕУ делегатите ја напуштаат Конференцијата во Женева

,,Некои земји, кои би требало да помогнат на патот кон подобра иднина, не се тука. Надвор од овие ѕидови интересни групи од многу политички и идеолошки бои се караат жестоко. Би требало да се тука да разговараат заедно.,,

Изјави Бан Ки Мун на отворањето на петдневната конференција во Женева, прва која е посветена на борбата против расизмот во изминативе осум години. Претходната, одржана во Јужна Африка, ја напуштија Соединетите држави и Израел откако муслиманските земји побараа ционизмот да биде означен за расистички.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG