Достапни линкови

Кристофер Хил - нов американски амбасадор во Ирак


Дипломатот Кристофер Хил, кој е предложен од американскиот претседател Барак Обама за нов амбасадор во Ирак, веројатно ќе помине во Конгресот. Гласањето за негово наименување се очекува неделава, а републиканците се против, оценувајки дека тој немал доволно искуство на Блискиот Исток. Кристофер Хил беше американски амбасадор во Македонија, специјален пратеник на Косово, амбасадор во Полска и во Јужна Кореја, како и специјален пратеник за Источна Азија.
XS
SM
MD
LG