Достапни линкови

logo-print

Средба на македонската делегација во Кабул со министерот за одбрана на Авганистан


Министрите за одбрана и за внатрешни работи, Зоран Коњановски и Гордана Јанкулоска, денеска во Кабул се сретнаа со авганистанскиот министер за одбрана Абдул Рахим Вардак. Авганистанскиот министер изразил благодарност за учеството на македонските војници во мисијата ИСАФ и помошта за развојот на земјата. Министерот Јанкуловска по средбата изјави дека постои можност за вклучување на Македонија во цивилните мисии во Авганистан. Претходно, македонската делегација, во чиј состав е и началникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски, во Кабул беше пречекана од македонските војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG