Достапни линкови

logo-print

Западните делегати ја напуштија Конференцијата на ОН за расизмот


Делегатите од Западните земји во знак на протест ја напуштија салата во рамки на Конференцијата на ОН за расизмот откако иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја нарече израелската влада ,,расистичка“. Ахмадинеџад се обрати на Конференцијата што денеска се одржува во Женева, откако претходно Израел го повика на консултации својот амбасадор во Швајцарија во знак на незадоволство поради учеството на иранскиот лидер на форумот. Генералниот Секретар на ОН Бан Ки Мун го осуди говорот на Ахмадинеџад. Соединетите Држави во саботата соопштија дека ќе го бојкотираат состанокот, поради стравувања дека говорницата би можела да биде искористена за напади и обвинувања кон Израел, а овој пример го следеа и неколку други држави, како Холандија, Германија, Канада, Израел, Австралија и други.
XS
SM
MD
LG