Достапни линкови

logo-print

Во затегната атмосфера започна Конференција на ОН за расизмот


Во напната атмосфера поради бојкот од Соединетите Држави и неколку други земји, денеска во Женева започна Конференцијата за расизмот на ОН. Генералниот секретар на Светската Организација Бан Ки Мун изрази „длабоко жалење“ поради неприсуството на некои држави. Конференцијата требаше да одбележи ,,нова ера на мултиерателарноста, помалку конфронтации и повеќе меѓусебно разбирање“ изјави Бан Ки Мун во воведното обраќање. Соединетите Држави, Холандија, Италија, Германија, Израел и уште некои земји не учествуваат на конференцијата поради стравувања дека говорницата би можела да биде искористена за антисемитски напади.
XS
SM
MD
LG