Достапни линкови

Економската криза и ранливоста на Источна Европа


Директорот на ММФ Доминик Штраус Кан
Директорот на ММФ Доминик Штраус Кан
ММФ наведува дека Источна Европа веројатно ќе ги почувствува последиците на глобалната рецесија многу посилно поради драматичното намалување на готовината од Западните банки:

„Во сегашната криза, линковите на позајмување на банките беа главниот причинител на проблемите. Во средината на 90-тите, Западно-Европските банки доминираа во позајмувањата за источните економии. Тоа го објаснува фактот зошто глобалната економска криза има толку силни последици врз Источна Европа.“

вели Стефан Данигер, економист од ММФ. Меѓународниот Фонд веќе работи со неколку влади од Источна Европа за подобрување на нивниот дефицит кој се појави поради обидот за подобрување на инфраструктурата. Но, според Данигер не е доволна само реформа на земјите поединечно, туку и координација со нивните западни соседи:

„Потребен е координиран одговор на западните економии и на економиите во раст. Целта треба да биде постигнување финансиска стабилност. Владите треба да работат и на зацврстување на мултиратералните осигурителни системи.“
Потребен е координиран одговор за постигнување финансиска стабилност во Источна Европа


изјавува Данигер. Тери Милер, директор на Центарот за меѓународна трговија на фондацијата Херитиџ вели дека е важно да се разбере што ММФ мисли кога вели дека економиите од Источна Европа се поранливи од останатите во светот:

„Она што се случи во изминативе 15 години е зацврстување на економиите во Источна Европа со нивна интеракција со Западот. Инвестициите од Западот предизвикаа рапиден раст во економиите во Источна Европа, стандардот на живот се подобри. Но, ако работите тргнат во лоша насока тогаш Источна Европа ќе го почувствува негативното влијание повеќе отколку пред 20 години кога поврзаноста со западниот финансиски систем беше мала.“

вели Милер кој додава дека е ризично да се заклучи дека истите проблеми се заеднички за земји кои се различни, како Украина и Србија. Но, според него, сите земји во помала или поголема мерка се зависни од финансирање од западните банки.
XS
SM
MD
LG