Достапни линкови

Македонска делегација во посета на војниците во Авганистан


Од денеска во официјална посета на припадниците на АРМ кои се распоредени во мисијата на НАТО во Кабул, Авганистан претстојува делегација од Република Македонија во која се министрите за одбрана и внатрешни работи Зоран Коњановски и Гордана Јанкуловска, како и Началникот на ГШ генерал-потполковник Мирослав Стојановски и група пратеници во Собранието на Македонија. Делегацијата покрај средбите со припадниците на АРМ во Кабул ке се состанат и со министерот за одбрана на Авганистан, Абдул Рахим Вардак и со командантот на ИСАФ, генерал Давид Мек Киернан.
XS
SM
MD
LG