Достапни линкови

logo-print

Техеран со порака да не се политизира случајот Сабери


Техеран го повика Вашингтон да не го политизира случајот со иранско - американскиот новинар Роксана Сабери осудена на 8 години затвор со обвинение дека шпионирала во корист на Соединетите Држави. Портпаролот на министерството за надворешни работи Хасан Кашкави изјави дека Сабери има право на жалба до повисоките судски инстанци, а дека Соединетите Држави треба да го почитуваат иранскиот правосуден систем. Американскиот Претседател Барак Обама изрази загриженост за судбината на новинарката Роксана Сабери.
XS
SM
MD
LG