Достапни линкови

Избори 2009 - резултати по гласањето во 5 општини


Во општина Студеничани на вчерашното гласање во вториот круг за градоначалник според првичните резултати на Државната изборна комисија Фати Исени од ДУИ освои 3479 гласови, а Исмет Тртовац од ПЕИ 2509 гласови. Резултатите се од обработени 100 проценти од податоците. Во Зелениково, повеќе гласови освои Веле Груевски од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 1344, додека независниот кандидат Борче Гиевски освои 1250 гласови.И за општина Долнени податоците се обработени целосно и според нив во вториот круг за избор на градоначалник Абдула Бајрамоски од ДУИ освои 3818 гласови, а Боше Милошески 3651 глас. Во Чучер Сандево од обработени 86 отсто од податоците според првичните резултати независниот кандидат Јован Пејковски освои 2154 гласови, а Воислав Киранџиќ од Радикалната странка на Србите во Македонија 1908 гласови. Во општината Маврово-Ростуше на вчерашното гласање според првичните резултати добиени по електронски пат Исмет Ејупи од ДУИ има осовено 1236 гласови, а Мукрем Мехмеди од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 1795 гласови. Резултатите се од обработени 97 отсто од податоците.
XS
SM
MD
LG