Достапни линкови

Без поголеми нерегуларности изборите во пет македонски општини


Во пет општини во Македонија граѓаните денеска гласаа во рамки на вториот круг за избор на градоначалник. Државната изборна комисија соопшти дека изборите во општините Зелениково, Маврово и Ростуше, Чучер Сандево, Долнени и Студеничани се одвивале мирно, и според извештаите на Комисијата, без поголеми нерегуларности. До 16 часот, излезноста била 44,3 отсто. Граѓаните од овие пет општини избираат меѓу двајца кандидати, кои во првиот круг освоија најголем број гласови.
XS
SM
MD
LG