Достапни линкови

logo-print

Опозицијата во Грузија вели дека е обединета, додека протестите стивнуваат


Опозицијата во Грузија соопшти дека останува обединета во барањето оставка од грузискиот претседател Михаел Саакашвили. Опозицијата ова го соопшти откако бројот на нејзини приврзаници кои учествуваат на секојдневните демонстрации започна да се намалува, а и поради медиумските шпекулации за поделеност во редовите на опозиционите претставници околу тоа дали треба да се оддржат разговори со Саакашвили. Организаторите соопштија дека протестите од вторник ќе продолжат, по паузата поради велигденските празници.
XS
SM
MD
LG