Достапни линкови

Тајландските власти ја продолжија вонредната состојба во Бангкок


Тајландските власти ја продолжија вонредната состојба во главниот град Бангкок, со образложение дека безбедносната ситуација иако полека се враќа во нормала сеуште е проблематична, по минато-неделните големи анти-владини протести и немири. Премиерот Абхисит Веџаџива во редовното телевизиско обраќање, една недела по демонтрациите, повика на смирување на тензиите и ја бранеше владината акција за распоредување на безбедносните трупи со цел задушување на протестите, како што рече ,,за доброто на Тајланд“. Демонстрантите бараа враќање на власт на поранешниот премиер Таксин Шинаватра. Во насилствата загинаа две лица, а повеќа од 130 беа повредени.
XS
SM
MD
LG