Достапни линкови

Уапсен воениот лидер на ЕТА


Полициските сили го уапсиле воениот лидер на Баскијската сепаратистичка организација (ЕТА). Хурдан Мертитеги бил уапсен заедно со уште двајца припадници на ЕТА во акција на француската и шпанската полиција на југот од Франција, изведена во петокот. Мартитеги, го презеде водството на ЕТА откако во декември француските безбедносни сили го уапсија дотогашниот командант на Баскијската сепаратистичка организација, Аизола Ирионда. Полицијата во Шпанија во акција во Баскискиот регион денеска привела уште шесттмина други членови на ЕТА.
XS
SM
MD
LG