Достапни линкови

logo-print

Концетрацијата на власта предизвик за демократијата


Премиерот Никола Груевски и новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов

Премиерот Никола Груевски и новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов

Според упатените, доминацијата на една политичка опција на сите нивоа на владеење е отежнувачка околност и за самата власт. Тие сметаат дека предизвиците по изборите ќе бидат огромни

Не мал предизвик за демократијата во земјава, генерално според првичните реакции на упатените е доминацијата на една политичка
Власта не може поеќе да се повикува на никоја друга институција која е пречка. Значи, таа веќе не може да трага по друг виновник
опција на сите нивоа на владеење:

,,Тоа е нешто на што треба да се обрне внимание во следните три години. Демократијата е еден сеопфатен процес и јас се надевам дека со текот на времето таа концентрација на моќта, според начинот на кој ќе биде водена исто така треба да биде нешто околу кое ќе се размислува,”

изјави Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт.

Дел од аналитичарите во ваквата состојба гледаат отежнувачка околност и за самата власт:

,,Затоа што власта не може поеќе да се повикува на никоја друга институција која е пречка. Значи, таа веќе не може да трага по друг
Првата компонтента е разрешување на проблемот со името. Второто, е евро атлантските инреграции и треторо како да се справи со економската криза.
виновник,”

вели професорот Месел Биљали.

Предизвиците и по изборите ќе бидат големи, особено за носителите на власта, додава Биљали и меѓу нив издвојува три за кои очекува дека ќе бидат водечки:

,,Првата компонтента е разрешување на проблемот со името. Второто, е евро атлантските инреграции и треторо како да се справи со економската криза.”

Овие предизвици кои според него се доволно сложени за самата владеачка партија, ќе се одразат и на позициите во коалицијата, со оглед на тоа што како што аргументира Биљали ДУИ на изборите добила силна порака од гласачите дека не се на иста линија со власта, во која партиципира и оваа партија.

Аналитичарот Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики, ваквата порака ја препознава кон целиот албанки политички блок, кој според неа треба да резултира со реформи, претежно во насока на надминување на етно центричните понуди. На страната на најголемата опозициона партија Ристевска се надева на темелна анализа на изборните резултати и реформи кои одат подлабоко од очекување на челото на партијата да се врати Црвенковски:

,,Потребни се да бидат поставени структурите така добро за да може партијата од внатре да генерира идеи, програми, а лидерот само да ги координира.”

XS
SM
MD
LG