Достапни линкови

Компромис за името за членство во НАТО


Македонија не треба да се надева на трансформација на алијансата и промена на начинот на кој се станува нејзина членка. Единствениот проблем кој се испречува меѓу поканата на земјава и членството во НАТО е спорот со името, ова е ставот на амбасадортката на
НАТО е организација која се темели на консензус и ќе продолжи да биде тоа. Нема сериозен дијалог во оваа фаза да се сменат правилата на играта
Кралството Холандија Симоне Филипини, која оваа година е назначена како контакт амбасада за НАТО. На прашањето дали Македонија треба да се надева на промена на правилата, според кои, една земја станува земја членка во неделното интервју на Радио Слободна Европа Филипини вели:

,,Да бидат искрена мислам дека никој не треба да смета на тоа. НАТО е организација која се темели на консензус и ќе продолжи да биде тоа. Нема сериозен дијалог во оваа фаза да се сменат правилата на играта. Всушност мислам дека засега проблемот со името е единствената пречка на патот кон НАТО интеграцијата на Македонија.”

вели Филипини.

Дека земјата треба да се фокусира на наоѓање компромис со името како услов за влез во Алијансата, се согласува и потпретседателот на
Тоа ќе биде само губење време, ако ние очекуваме да се случи нешто брзо таму. Затоа што знаете, таму многу споро се случуваат такви промени, има цели процедури, анализи, дебати, околу таквите големи промени за носење одлуки
евро атлантскиот совет на Македонија Ризван Сулејмани:

,,Тоа ќе биде само губење време, ако ние очекуваме да се случи нешто брзо таму. Затоа што знаете, таму многу споро се случуваат такви промени, има цели процедури, анализи, дебати, околу таквите големи промени за носење одлуки. Но, Република Македонија по мое длабоко убедување воопшто не треба на тоа да ја зазнова стратегијата.”

Според други експерти, доколку се промени начинот на прием на нови членки во Алијансата и тоа се случува со консензус минус една земја, тоа не е гаранција дека сите останати земји ќе се согласат да бидеме дел од оваа организација:

,,26 минус 1 не значи дека по автоматизам дека Република Македонија ќе стане земја членка, затоа што се покажа и во Букурешт дека Грција не беше единствената земја која не ја поддржа Македонија, туку ние добивме препорака од Букурешт да го решиме проблемот со името, а потоа да станеме земја членка на НАТО,”

вели аналитичарот Никола Дујовски од факултетот за безебедност.

За македонските власти, прашањето за трансформација на Алијансата е добар начин да се стави крај на исполитизираноста на приемот на членки. Од МНР повторија оти се надеваат дека Македонија ќе се вреднува како и сите други земји членки, односно според реалните критериуми, а не како што посочуваат, според дополнителниот услов, т.е. решавањето на билатералното прашање со Грција.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG