Достапни линкови

logo-print

Заврши состанокот меѓу Обама и лидерите од Латинска Америка


Лидерите од Латинска Америка успешно го завршија Самитот во Тринидад и Тобаго, поздравувајќи ја како ,,позитивна“ заложбата на американскиот претседател Барак Обама кој најави нова ера во односите со овие земји. На Самитот на двете Америки, претседателот на Венецуела Хуго Чавез, еден од најострите критичари на политиката на Вашингтон, изјави дека очекува наскоро повторно да биде именуван амбасадор на Каракас во Соединетите Држави. Стејт Департментот исто така најави дека ќе работи на истата цел. Во септември, Чавез му нареди на американскиот амбасадор да ја напушти Венецуела во знак на ,,солидарност“ со Боливија, на што реципрочно одговори Вашингтон. Инаку, на самитот Обама исто така и понуди на Куба ,,нов почеток“ во односите, по неколку децении непријателство.
XS
SM
MD
LG