Достапни линкови

logo-print

Вашингтон изрази жалење поради пресудата за новинарката


Американскиот претседател Барак Обама изрази ,,длабока разочараност“ поради одлуката на Иранскиот суд кој и изрече осум годишна казна затвор на иранско-американската новинарка Роксана Сабери. Новинарката Сабери е обвинета за шпионажа во корист на Соединетите Држави. Државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека Соединетите Држави работи со швајцарските дипломати во Иран, за да ги добијат деталите од пресудата и најави дека Вашинтгон ќе им ја пренесе загриженоста на иранските власти. Новинарката Сабери беше уапсена во јануари бидејќи во земјата работела без новинарска акредитација, но подоцна беше обвинета за шпионaжа за Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG